ВИДЕО) Трагедија во Романија: При експлозии на бензинска, eдно лице загина, над 40 се повредени

Едно лице загина, а 46 се повредени во две експлозии што се случија вчера на бензинска пумпа во Креведија, Романија, во близина на главниот град Букурешт.

Во првата експлозија пожарот се проширил на две цистерни и блиска куќа. Наредена е евакуација на луѓе во радиус од 300 метри, а движењето на моторните возила е прекинато, информира романскиот Генерален инспекторат за вонредни ситуации (ИГСУ).

https://twitter.com/spectatorindex/status/1695524852806070696?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1695524852806070696%7Ctwgr%5Ea1e2a2ea5d138103c02d5b40b000471fb897e3a8%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fvideo-eksplozii-na-benzinski-pumpi-vo-romanija-ima-edna-zrtva-i-33-povredeni

На местото на настанот пристигнале 25 возила на противпожарната служба за гаснење на пожарот. Осум лица се интубирани откако се здобиле со тешки изгореници, соопшти Министерството за здравство.

Во втората експлозија на бензинската пумпа LPG се повредени 26 пожарникари, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Раед Арафат, кој раководи со одделот за итни случаи. Тој прецизираше дека во моментот на неговата изјава пожарот се уште не бил целосно изгаснат и предупреди дека на оваа локација се можни дополнителни експлозии бидејќи е загрозена трета цистерна.

„Речиси е сигурно дека четворица од ранетите ќе бидат пренесени во болниците во Белгија и Италија“, изјави премиерот на Романија Марсел Колаку по вонредниот состанок на формираниот кризен штаб.