Силно невреме денеска го погоди Тирол, што предизвика покачување на водостојот на реките, а најтешко беа погодени окрузите Имст и Инсбрук.
Таму поради поплави и одрони затворени се патиштата и железницата, а ангажирани се околу 2.500 пожарникари.
Околу 70 лица се евакуирани и тие се во привремено сместување, пренесува Index.hr.
Силно невреме ја зафати и Баварија, каде се забележани случаи кога ветрот ги разнел покривите од куќите, а повремени обилни врнежи и невреме се очекуваат во Штаерска и Градишка.
Трст исто така беше поплавен по дождови и невреме што го погоди тој град во североисточна Италија.
Силните ветрови однесоа многу од масите на кафулето и другиот мебел на отворено.
Genova P.Principe stazione #maltempo pic.twitter.com/Eeo2Adhgf5
— Agente SIONISTA (@AgenteSionista) August 27, 2023
nova,rs