(ВИДЕО) Прв случај во светот: Во мозокот на жена пронајден црв долг 8 центиметри

Паразитски тркалезен црв вообичаен кај змиите е изваден „жив и използувајќи“ од мозокот на жена во призор кој предизвикува мачнина, известија австралиските лекари во вторникот, а наодите се објавени во стручното списание Emerging Infectious Diseases.

Збунетите лекари на 64-годишна Австралијка ѝ направиле магнетна резонанца, откако почнала да пати од губење на паметењето, забележувајќи „атипична лезија“ на предниот дел од нејзиниот мозок.

Станувало забор за тркалезен црв долг осум сантиметри, стручно нарекуван Ophidascaris robertsi, за кој истражувачите велат дека е вообичаен паразит кај кенгурите и питоните, но не и кај луѓето.

„Ова е првиот случај на Ophidascaris robertsi ка луѓето кој е опишан во светот. Според нашите сознанија, ова е, исто така, првиот случај кој вклучува мозок на кој и да е цицач, човечки или некој друг“, вели експертката за заразни билести Санаја Сенанајаке.

Истражувачите веруваат дека жената се заразила откако барала грмушки со плодови во близина на нејзината куќа, коишто веријатно биле контаминирани со паразитски ларви излачени во змиски измет.

Паразитот, којшто на снимките на мозокот на пациентката се појавил како „структура слична на струна“, идентификуван е со ДНК тестирање.

„Никогаш не е лесно, ниту пожелно да се биде првиот пациент на светот за што и да е. Не можам доволно да ѝ го изразам нашето восхитување на оваа жена, којашто покажа трпение и храброст низ овој процес“, додава Сенанајаке.

Вели и дека е познато оти тркалезните црви Ophidascaris ги инфицираат животните во други краишта од светот, како и дека е „веројатно други случаи ќе бидат препознаени следните години“.