(ФОТО) Температура од -6 степени Целзиусови во центарот на Дубаи!

Во овој бар во Дубаи може да се ужива на ниски температури. За гостите сепак да не мрзнат додека го пијат своето топло чоколадо, на влезот добиваат топли мантили, капи и ракавици. Аклиматизирањето на студот дополнително го олеснува и преодна просторија каде температурата е 5 степени. Наградата за температурниот шок: зимска атмосфера во пустина – создадена од скулпторот кој работи со мраз Марк Ранасинге.

 

 

DW