(ВИДЕО) „Огнот на Свети Илија“ редок временски феномен снимен од пилоти во Флорида

Огнот на Свети Илија или огнот на Свети Елмо е речиси континуиран слаб до умерен електричен излив во атмосферата придружен со светлина, кој се забележува на издигнати предмети
Американски пилоти снимиле редок временски феномен за време на евакуацијата поради ураганот „Идалија“ на Флорида. Снимката од феноменот познат како „огнот на Свети Илија“ или „огнот на Свети Елмо“ беше снимен од пилотите од воздухопловната база МекДил.

Веб-страницата на воздухопловната база објави:

„За време на евакуацијата, 50-тиот АРС го сними ‘огнот на Свети Елмо’, временски феномен во кој се создава прозрачна плазма во атмосферското електрично поле“.

„Огнот на Свети Илија“ или „огнот на Свети Елмо“ е речиси континуиран слаб до умерен електричен излив во атмосферата придружен со светлина, кој се забележува на издигнати предмети (громобрани, јарболи, генерално на откриени делови, дури и на крилата и пропелерите на авионите).

Се појавува при силни грмотевици кога електричното поле во долниот дел на атмосферата е многу силно.

 

 

360stepeni.mk