Трагедија во Грција: Тригодишно момче се задави од грозје

Тригодишно момче починало вчераутро на грчкиот остров Тинос откако се задавило од грозје кое претходно го голтнало.
Нешто по 8:30 часот таткото сфатил дека момчето не може да дише откако го изело грозјето.Тој веднаш го однел момчето во полициска станица во близина на неговата куќа, каде полицијата му укажала прва помош. Му извадиле две зрна грозје од грлото, но момчето сè уште не дишело.

Тие веднаш го ставиле детето во полициско возило и го однеле во болница, каде лекарите успеале да извадат уште едно зрно.

За жал, во неговиот душник се заглавило гранче од гроздот, поради што момчето престанало да дише.

Како што објасни за Прототема претседателот на Здравствениот дом во Тинос, Јоргос Василакис, кога лекарите го примиле детето веќе било доцна и покрај херојските напори на полицијата која се борела да го одржи во живот.

„За жал, драгоценото време помина. Во овие случаи, сѐ мора да се направи во првите четири минути. Тој дојде кај нас во 9:02 и не дишеше. Имаше пулс, но не се освести и покрај напорите на лекар, педијатар, кардиолог.Едното гранче му го извадиле од грлото, но другото останало на ниво на душникот.Полицијата му извадила две зрна грозје од грлото, но тој се уште не дишел.Тоа било грозд со големо , црвено грозје, кое некако го ставило во уста“, рече Василакис,  пренесе Прототема.

извор: Прототема