Денеска (31.08) околу 08.10 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го приведоа С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот КПУ „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство. На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во КПУ Идризово, но бил ангажиран да работи надвор од затворот. Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“. Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот.
Related Posts
(ВИДЕО) Гори шума кај Бодрум
Попладнево во популарното турско летувалиште Бодрум, избувна шумски пожар. Пожарот избувнал на повеќе локации, а противпожарните екипи во моментов се…
(ВИДЕО) Уапсен голем колумбиски наркобос во Мексико
Во Мексико уапсен е колумбискиот наркобос Едуард Жиралдо, еден од најголемите светски дилери на дрога, информираше доцна синоќа полицискиот директор…
(ВИДЕО) Експлозија во Истанбул на пешачка туристичка улица
Во Истанбул експлозија на пешачката туристичка улица Истиклал. The explosion occurred on the pedestrian tourist street Istiklal in Istanbul. The…