(ВИДЕО) Џиновски бик се превезува во возило

Полицијата во Небраска направи невообичаена сообраќајна контрола. Сопре возило во кое се превезуваше џиновски бик и тоа на совозачкото седиште.
Локалната полиција на градот Норфолк доби информација за маж кој превезува крава. Полицајците првично очекувале да видат мало теле во возилото. Но, се случи спротивното. Тие забележаа дека всушност се превезува бик од растата „Watusi“, која е позната по џиновските спирални рогови.
Според пишувањата на локалните медиуми, возачот се викал Ли Мејер, жител на Нелиг, град на 56 километри западно од Норфолк.
Возилото е модифицирано за да се остави простор за бикот.
Видео снимките покажаа дека задниот дел од автомобилот на Мејер е извалкан поради бикот.
Локалните медиуми, цитирајќи го полицискиот оддел во Норфолк, објавија дека полицијата го предупредила Мајер и го замолила тој да го напушти градот и да си го врати бикот дома. Мејер се согласил на тоа.
DW