Српска туристка направи хаос на шеталиштето во Пефкохори. Таа со својот џип со српски таблички влетала во продавницата во ова грчко одморалиште. Жената ги измешала контролите на автоматскиот менувач и отишла во рикверц и прелетала низ излогот на продавницата за миленичиња.
Таа ја уништила вратата од објектот и се забила сѐ другата продавницата. Повредени нема, но причинета е поголема материјална штета.
– Сѐ се случи во миг, се слушна само кршење на стакло. Кога погледнавме, видовме дека џипот влетал во продавницата – изјавил еден од сведоците.
Засега не се знае точната материјална штета која е направена во продавницата, но и колкава штета претрпел скапиот џип Волво, објави српски Курир.
infomax.mk