Слатки во изобилство

Преполна тезга за важниот празник – кондитор во Ахмедабад, Индија, ги аранжира традиционалните слатки Каџа пред хиндуистичкиот празник Наг Панчами.

Каџа е омилено слатко од тесто кое се прави од пченично брашно и се пржи во прочистен свеж путер. Може да се наполни и со суво овошје или друг фил. Вообичаено се продава пред празникот Наг Панчами. Тоа е еден од најпознатите празници во Индија, на кој луѓето им оддаваат почест и им се поклонуваат на змиите, кои играат важна улога во хиндуизмот.

 

DW