(ФОТО) Експлозија на мотор во Козле по судар со автомобил

Експлозија одекна во скопската населба Козле откако денеска, околу 17 часот се судриле БМВ 3 и мотор. Според очевидци по судирот, експлодирал моторот по што се запалиле двете возила.

Несреќата се случила на крстосницата во близина на слаткарницата Канела. Брзо интервенирала противпожарна екипа која веднаш пристигнала на местото на настанот

Сѐ уште се очекуваат информации за повредени во сообраќајната незгода. Наскоро повеќе детали.

 

republika.mk