Македонската одбојкарска репрезентација победи во вториот натпревар на Европското превенство во Скопје, против Црна Гора и се пласираше во осминафиналето.
Двете победи, против Данска и Црна Гора на почетокот од првенството на македонските одбојкари им донесе пласман во следната фаза од европскиот шампионат.
Одбојкарите беа поддржани од присутните во спортскиот центар„Борис Трајковски со аплауз и овации.
Следниот предизвик за македонската репрезентација се натпреварите со Полска, Холандија и Чешка. Македонија во рамките од третото коло утре со почеток во 20 часот ќе се сретне со фаворитот во групата, селекцијата на Полска.
Нашиот легендарен никогаш непреболен Тоше Проески со посебна жар зборуваше за неговиот манастир – манастирската црква во крушевското село Селце, која го носи…