Ковачевски за Онкологија: Одговорноста има име и презиме, ќе бидат санкционирани оние што го прекршиле законот и етичките и морални норми

Премиерот Димитар Ковачевски ја поздрави акцијата на МВР и на обвинителството за случајот на Онкологија.

– Тоа се грозни наводи кои не смеат да се случуваат, а за кои сме слушале во текот на изминатите 20 години. Ова е првпат да биде спроведена ваква акција за идентификација на сторители на вакви дела. Да повикам да не се прави сензационализам и напад на сите доктори и сестри. Најголемиот персонал се извонредни кадри кои се грижат за нашето население. Секој криминал има име и одговорност и задачата на МВР и на ОЈО е да обезбедат докази и да ги најдат сторителите – рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека нема да има заштита за било кого, но му забележал дека на социјалните мрежи се креира слика на вмешаност само на одредени лица во зависност од нивната припадност, а ваков тим на криминал, според него е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен.

– Дали наводите кои беа изнесени биле сериозно земени, се потврди за време на акцијата. Сите граѓани без исклучок што се занимаваат, беа сведоци на јавните написи кои беа објавени. Врз основа на тие беше покрената акција која беше професионална. Ова е првпат да се прави ваква обемна акција, секој друг навод кој ќе биде достапен до јавноста за било која клиника, ќе биде третиран и санкциониран од институциите. Одговорноста има име и презиме, ќе бидат санкционирани оние што го прекршиле законот и етичките и морални норми за обавување на здравствената дејност. Во моментов раководи на Онкологија нов директор и тој соработува во истрагата – истакна Ковачевски.

фото: Архива