Утре во 18 часот протест пред Влада за случувањата на Онкологија

Утре (понеделник) со почеток од 18 часот, ве повикуваме на протест пред Владата,
каде заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се
толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред
Министерството за здравство каде ќе повикаме на оставка и ОДГОВОРНОСТ од сите
министри за здравство!

Оваа порака е дел од најавата на протестот која е споделена од повеќе личности меѓу
кои и од инфлуенсерот Стефан Лазаров. Протестот е закажан за утре во 18 часот пред
владата на Република Македонија.

,,Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на
Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа
лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за
организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години”, се вели во најавата на протестот за ,Скандалот со кражбата на лекови на онкологија кој не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!”.

Во најавата на протестот се додава:
Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична
одговорност за владините функционери!

1. Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.
2. Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја
Манолева.
3. Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и
здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената
Младеновска.
4. Бараме одговорност од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат
Нухи.

Протест против организираните убиства на ОНКОЛОГИЈА