Драма на небото над Босна, откажал мотор на 11.000 метри – „Ербас“ приндудно слета во Загреб

Авионот „Ербас А321 НЕО“ (А321-271НХ) на германскиот превозник „Луфтханза“, на лет од Тел Авив до Франкфурт, утрово во 7:43 часот по локално време принудно слета на аеродромот во Загреб.

Екипажот на авионот прогласи вонредна состојба во воздушниот простор на Босна и Херцеговина и побара контролата на летање да се пренасочи кон Загреб.

Како што дознава AvioRadar, при крстарење на височина од 36.000 стапки (11.000 метри), моторот број два (моторот што се наоѓа на десното крило на авионот) не функционирал, поради што тој се исклучил. Станува збор за моторите на Pratt & Whitney, модел PW1000G.

Итната помош го пречекала авионот на аеродромот во Загреб, но немало потреба од нивна интервенција. Во моментот на пишување на овој текст, авионот се уште е паркиран во Загреб на паркинг позиција недалеку од техничката служба на Croatia Airlines.