Скопјанец смртно настрада откако бил удрено од сопственото возило

Вчера во 11.00 часот било пријавено дека во с.Патишка Река, скопско, запрено патничко возило „нисан терано“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.(63) од истото село, кој бил покрај возилото, се придвижило и удрило во него.

На местото на несреќата починал Р.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Фото: Архива