Кога во Србија ќе се каже скара, се мисли на Лесковац. Овој град со децении организира т.н. Роштиљијада. И секоја година се руши рекордот за најголема плескавица во светот:
„Го срушивме сопствениот рекорд за оваа голема плескавица од минатата година, кој изнесуваше 67 килограми и 180 грама. Требаше да креваме по килограм, по два секоја година, но синоќа имаше генерален договор – се договоривме да биде заокружена цифра од 80 килограми. И така беше најавено и еве!“, раскажуваат Предраг и Дејан, мајстори за печење месо.
Дали се загрижени поради глобалниот тренд на помало консумирање месо?
„Но, тоа не е случај во Србија. Еве, и самите видовте дека 80 килограми се изедоа за пет минути.“
Ниту посетителите на Роштиљијадата не се загрижени за ваквите глобални трендови. На Лесковачката Роштиљијада во просек се јадат повеќе од 70 тони месо.
DW