Тешко повреден работник при работа во пробиштипско

На 08.09.2023 во 14.55 часот во Полициска станица Пробиштип е пријавено дека во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип бил донесен повреден Д.Ј.(33) од с.Плешенци, пробиштипско.

-Според пријавеното, додека извршувал работни задачи во фабрика во Пробиштип тој се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клинички центар Штип, информира МВР.