Три куќи изгореа во пожар во Драчево

Министерството за внатрешни работи информираше дека во петокот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево настанал пожар во кој биле опожарени три куќи во ист двор, сопственост на П.С.(54), М.С.(46), Е.С.(27), С.С.(24) и А.С.(52), сите од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и се врши увид.

фото: Архива