22-годишник донесен мртов во тетовската болница, изгубил контрола врз трактор и се превртел

Вчера околу 13 часот и 50 минути во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 22-годишниот Ф.М. од тетовски Порој, извести СВР Тетово.

Според утврденото во увидот, Ф.М. со уште четири други лица од истото село се превезувале со трактор „имт 539“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал. На земјен пат во месноста „Плоче“ во атарот на Порој, тој изгубил контрола, по што тракторот се превртел, а од здобиенте повреди Ф.М. починал на место, додека со повреди се здобил и еден малолетник кој, исто така, бил на тракторот, соопшти СВР Тетово.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба телото на Ф.М. било дадено на обдукција.