Пожар позади хотел „Белви“ во населбата Илинден, зафатена е голема површина

Густ чад се шири низ Скопје откако попладнево се запали стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден.

Запаленото стрниште односно трска ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Послените информации говорат дека пожарот зафатил поголема површина и ќе треба повеќе време да се ликвидира.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, гори трска и ѓубре во каналите околу Арачиново.

Од горењето на трската и сметот во воздухот „лета“ пепел и црни ситни парчиња, дури до населбата Пинтија, Општина Кисела Вода.

 

slobodenpecat.mk