ФБ статус: Како да го поднесам тоа чувство дека надвор од дома те гледаат повеќе како човек него ли во твојата дома (држава )???

Статус на Кристијан Мицкоски од пред неколку дена на фејсбук стана вирален, а во него се вели:

После 7 месеци живот и работа во земја на ЕУ, синоќа осетив прв пат потреба да се јавам на доктор . Мала кратка вртоглавица , затемнување на видот која ми се повтори во последните два дена.

Влегов во клиника, ја објаснив мојата состојба и прашав која е процедурата да закажам преглед на глава , срце, крвна слика. Докторката на прием се зачуди и ми рече : Господине какво закажување, вас не ви е добро . За 5 минути двајца доктори ме преземаа , крвна слика, екг, ехо а потоа и скен на глава и преглед на очи, мерење притисок .

За 15 мин дојде докторката и ми вика : Повеќе одмарај, пиј течности здрав си како дрен. Фактура за наплата 0 евра .
Се запрашав себе во што не има претворено нашата Македонија кога основната работа што ни следи како луѓе, здравствена заштита , ја доживеав како цивилизациски шок?

Во 20 години работа во Македонија и одвоени над 20 000 евра за здравствено освен мој термин, шокови и стресови по шалтери, како луѓе што сме добиле ?Каде завршиле нашите пари за нашето здравје ммм?

И како да го поднесам тоа факинг чувство дека надвор од дома те гледаат повеќе како човек него ли во твојата дома (држава )???

Сите што ги сакам желба ми е да си отидат од таму! На сите што можам јас ќе им помогнам а кој може друг нека му помога . Толку за таа вукојебина таму.

извор: ФБ Кристијан Мицкоски