59 планинари се искачија на врвот Љуботен

Целата акција насловена „Зора на Љуботен“ почнува со собир на планинарите во сабота навечер во Старо село, од каде прво се оди до базната станица планинарскиот дом Љуботен, по што следи ноќното искачување во раните утрински часови во недела.

– Учествуваа 59 учесници од цела Македонија, при што 57 учесници се собраа на почетната точка во Старо Село и организирано тргнаа и заеднички стигнаа до планинарскиот дом Љуботен. Од групата, четворица останаа во самиот планинарски дом, додека уште двајца учесници беа дојдени порано во самиот дом и не чекаа таму. Околу 02:30 часот тргнавме кон самиот врв, каде што стигнавме околу 05:30 и потоа го чекавме изгрејсонцето и новиот ден, информираше Владимир Трповски, организатор на турата.

Планинарите престојувале на врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина до 7 часот наутро.

 

 

vesnik.com