Гир – Оценската мисија за Судски совет завршува неделава, наскоро препораки

0
167

Оценската мисија на Европската унија за работата на Судскиот совет ќе заврши неделава и брзо потоа ќе бидат објавени препораките, изјави на 21 септември евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир, објави slobodnaevropa.mk.

Гир ја најави мисијата на крајот на јули по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци во Судскиот совет. За помалку од пет месеци, две претседателки на Судскиот совет беа сменети, што предизвика сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија. И двете обвинија дека причина за нивната смена е политички интерес. Скандалите и превирањата предизвикаа загриженост и од меѓународните и од домашните институции.

„Ние сакаме земјата брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и Европската Комисија (ЕК) има право да го бара тоа од земја – кандидат“, одговори евроамбасадорт Дејвид Гир на новинарско прашање по промоцијата на новиот проект финансиран од Европската унија „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Тој вели дека имало напредок во однос на владеењето на правото, во изминатите години, но дека сепак има и одредени прашања кои предизвикуваат загриженост. Освен Судскиот совет, загриженост претставуваат и измените на Кривичниот закони. За нив минатата недела Европската комисија изрази загриженост и за користењето на европското знаменце, што го сметаат на несоодветно и за ризикот дека измените може да доведат до зголемување на неказнивоста.

извор: slobodnaevropa.mk