DW: Се заканува ценовно цунами на парното во Скопје

0
235

„Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа со топлинската енергија во Скопје“, предупреди денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Тој е дециден дека такво нешто нема да се дозволи. Цената на парното останува иста се додека не се добие уверување дека ќе биде поставен топловодот на мостот Беласица, којшто беше оштетен во пожар во мај годинава.

Доколку не се донесе одлука ќе продолжи да важи досегашната цена за парното греење.

„Во Град Скопје и во ЕСМ има разумни луѓе и сметам дека ќе се договорат“, рече Бислимоски и додаде дека е логички тој што е сопственик на мостот да даде дозвола ЕСМ дистрибуција на топлина да ги постави цевките кои се веќе донесени таму.

Зошто е важен ТЕ-ТО?
Производителот на енергија „ТЕ-ТО“ е важен бидејќи обезбедува 60 отсто од топлинската енергија, додека 40 отсто е од топланите во Скопје. Цената на произведена топлинска енергија во 2022 година од „ТЕ-ТО“ е за три пати пониска од цената на останатите топлани во Скопје.

Во Скопје на системот за парно греење се приклучени 63.000 домаќинства.

Бислимоски не очекува да поскапи цената што ја плаќаат граѓаните за комунален отпад, откако РКЕ ја доби обврската да ја определува цената на оваа комунална услуга во сите општини во државата. Не очекува ниту драстично да поскапи струјата во текот на грејната сезона на берзите и посочува дека кај нас ќе зависи од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум.

 

DW