Повредени четири лица во сообраќајка на патниот правец Кавадарци-Прилеп

0
155

На 22.09.2023 во 21.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, кај место викано „Дреновска спирка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(44) од с.Долно Лакочереј, охридско и патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.А.(53) од с.Дреново, кавадаречко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.А., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.С., сопатникот во неговото возило З.А.(46) од с.Велгошти, охридско и сопатничката во возилото „фиат“, Ж.Б.(44) од с.Ваташа, кавадаречко, констатирани во болницата во Кавадарци.

 

ТВ21