11 месечно бебе се здобило со скршеница на рамото во градинка во Шутка

0
282

11-месечно бебе наместо да се адаптира во градинка, се здобило со скршеница на десното рамо обвинуваат родителите.

Немилиот настан се случил во градинка во Шуто Оризари тврди таткото Имер Салиу. Тој со рендген снимки во рацете излезе јавно да ја докажува повредата на неговото чедо и да го искаже револтот за тоа што и се случило на 11-месечната ќеркичка. Салиу вината ја бара во негувателките кои биле одговорни за децата и бара одговорност од раководството на градинката и од општина Шуто Оризари, пренесува ТВ Алфа.

-Бебе од 11 месеци не може само да си ја скрши коската. Бебе од 11 месеци не може да зборува и да оди. Тоа бебе било под надзор на негувателките во моментот на настанатата повреда. Дали се они фактор на повредата, дали они ја предизвикале дали они не внимавале на неа дека се случило ова не знаеме. Не добивме конкретен одговор за ова. Како родител загрижен барам одговорност од сите институции поготово од општината Шуто Оризари коишто ги вработуваат негователките, вели таткото на бебето, Имер Салиу.

 

 

tvalfa.mk