И на врапчињата веќе им е јасно дека уставни измени, под бугарски диктат, нема да се случат и тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во истото се додава:
На оската ДУИ, СДС и Груевски, не им успеа ни последниот план, кој беше осуетен на време и спречен, каде имаше тргување со амнестија, со што се одбранија националните интереси на Република Македонија.
За да не се троши повеќе времето на граѓаните и државата, потребни се брзи избори, каде народот ќе си го каже својот став по ова прашање, само така е одговорно и доследно да се направи.
извор: ВМРО ДПМНЕ