Османи го осуди убиството на косовски полицаец: Моето срце е со неговото семејство и колегите

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, остро го осуди убиството на косовски полицаец во неделата на северот на Косово.

„Моето срце е со неговото семејство и колегите. Целосна поддршка за постигнување на правдата со изведување на сторителите на овој грозоморен чин пред лицето на правдата“, рече Османи.

Насилните акти, според него, нема да и наштетат на стабилноста на Косово.

„Безбедноста на граѓаните е на прво место“, заклучи Османи.

Во текот на ноќта имало пукање во селото Бањска, општина Звечан, на северот на Косово, при што еден полицаец е убиен, а друг е повреден.

Утрото повторно се слушнаат рафали, според српските медиуми.