Почина шефот на италијанската мафија Месина Денаро

Најбараниот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари по 30 години бегство, почина, пренесе ДПА повикувајќи се на италијанската новинска агенција АНСА.

Денаро по обемно крварење во петокот падна во неповратна кома. Тој боледуваше од рак на дебелото црево и неговите лекари рекоа дека нема да закрепне. На негово барање, мерките за одржување во живот беа прекинати, соопштија лекарите од болницата во централниот италијански град Л’Аквила.

На почетокот на август, 61-годишниот мафијаш беше подложен на операција на цревата во болницата Сан Салваторе во централниот италијански град Л’Аквила. Иако операцијата беше успешна, ракот на дебелото црево во поодмината фаза предизвика неповратно влошување на неговата здравствена состојба.

 

 

nezavisen.mk