Предупредување за нестабилно време со пороен дожд и грмежи во поголемиот дел на Македонија

0
185

На многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен. Најпогодени ќе бидат западните и централните предели од Македонија, како и делови од Скопскиот регион. Локално во овие делови ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Апелираме на КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, пишува Славчо Попоски.