(Видео) Неколку кајаци се превртеа кај Дубровник, спасени се 8 лица, се трага по уште тројца

Во тек е потрагата по кајакарите кои беа забележани превртени од граѓани во близина на островот Локрум кај Дубровник, јавува Дубровник хералд.

Според неофицијални информации, во тек е потрага по неколку кајакари кои заглавиле во брановите и не можат да се вратат на копното.

Наводно, некои од планинарите успеале да се спасат со излегување на карпите, додека за останатите се трага. Исто така, според неофицијални податоци, меѓу екскурзионистите со кајаци имало и дете, кое наводно било спасено.

Полицијата околу 15 часот и 20 минути добила пријава од граѓани, а на помош на кајакарите тргнале и граѓани на чамци.

Во акцијата за спасување се вклучи и Доминко Радиќ од Дубровник.