Двата крајезерски града Охрид и Струга во поголем дел се без електрична енергија. Дефектите во снабдувањето со струја траат од вчера, откако овој реон беше погоден од големо невреме , проследено со силни електрични празнења.
ЕВН нема никаква информација за граѓаните да соопшти јавно дека ќе останат без електрична енергија.
Без струја во моментов се слободната индустриска зона во Струга и индустрискиот регион во Охрид.