Метежот на скопските улици од 1 октомври 100 возачи од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе го заменат со тој во германскиот град Мајнц, пренесува порталот Плусинфо.
Според најновите информации на порталот, каде што им се ветени многу подобри услови за работа, како и плата петпати поголема од таа што ја земале во јавното претпријатие.
Како што пренесува порталот, стоте возачи на ЈСП „Скопје“ пред извесно време потпишале договори со германска компанија во еден скопски хотел.
– Најверојатно петок или сабота тргнуваме со колегите за Мајнц. Според договорот, ќе добиваме месечна плата од 2.600 евра и плус дополнително ќе ни се плаќаат екстра саатите кои ќе ги работиме. Компанијата ни вети дека првите два месеца ќе добиеме бесплатно сместување, а потоа најверојатно ќе треба да плаќаме одредена сума околу 200-300 евра, изјавил изворот на Плусинфо.
Од ЈСП „Скопје“ ги потврдиле информациите дека голем број возачи заминуваат од претпријатието. ЈСП на 19.09.2023 година на нивната интернет страна објави оглас за вработување на нови возачи во претпријатието.
Текстот во целост на: Плусинфо