Доставени учебниците за трето одделение до сите училишта, изјави министерот Шаќири

0
127

Министерот за образование Јетон Шаќири изјави дека учениците од 3-то одделение во сите училишта ги добиле потребните учебници.

-Може да се потврди тоа што го кажавме претходно дека сите учебници за 3-то одделение се доставени до сите училишта. Што се однесува до 6-то одделение, Националната комисија ги има одобрено учебниците по македонски и албански јазици, природни науки, додека за учебникот по математика треба да се чека уште пет дена жалбена постапка. Сите други учебници се доставени на графичко-техничко и печатење со план на достава до училиштата, рече Шаќири.

На прашањето за доставата на учебници во основно образование, особено за оние кои се изработуваат согласно нови наставни програми за трето и шесто одделение, за кои на почетокот на учебната година изјави дека ќе бидат готови во првата недела на септември односно до крајот на месецов за шесто одделение, Шаќири рече дека утре МОН ќе сподели точни информации со план за достава на учебниците од новата реформа до сите училишта, од прво до шесто одделение.

Министерот истакна и дека продолжува доставата на учебиците во средното образование.

 

 

fokus.mk