Зелено светло од Владата за Предлог-законот за амнестија, ќе важи и за македонски државјани осудени во странство, а се во затвор дома

0
251

Едиствената промена што, од она што може да се забележи од соопштението од Министерството за правда, е направена во содржината на предлог-законот, е амнестијата на лицата кои во странска држава направиле кривично дело, а казната ја издржуваат во земјава
Министерството за правда денеска преку писмено соопштение информира дека предлог-законот за амнестија, кој уште минатата недела се најде на владина седница, по што беше вратен на дополнително усогласување, добил „зелено светло“ на денешната седница на Владата.

За тоа дека предложениот закон ги претрпел потребните, како што вчера изјави премиерот, номотехнички усогласувања со секторот законодавство, денеска на прес-конференција потврди токму првиот човек на Владата.

„Тоа е направено во меѓувреме. Во текот на наредните два дена, министерот за правда Кренар Лога ќе има детален брифинг со претставниците на медиумите за овој закон, којшто истовремено ќе биде доставен до Собранието, што значи дека се работи за спроведена постапка. Министерот за правда, којшто ги знае сите детали во овој закон и за којшто тој веќе информираше и го имаше доставено на разгледување до пратеничките групи во Собранието пред да биде финално изготвен, ќе има детален брифинг со медиумите“,рече премиерот Димитар Коваечвски на денешната прес-конференција.

Во денешното соопштение од Министерството за правда, во кое се информира дека предлог-законот сега ќе биде доставен во натамошна собраниска процедура, се објаснува за кого ќе важи предложената амнестија.

Едиствената промена што, од она што може да се забележи од соопштението, е направена во содржината на законот, е амнестија на лицата кои направиле кривично дело во странство, а казната ја издржуваат во земјава.

Закнот за амнестија што го предлага Лога ги опфаќа македонските државјани кои се осудени од странски или меѓународен суд согласно кривичните закони на странска држава, а казната ја издржуваат во С Македонија откако пресудата е признаена од надлежен суд во земјава, согласно ратификуван меѓународен договор.

 

360stepeni.mk