Пукање во „Ѓорче Петров“ , нанесена прострелна рана на 31- годишник

0
168

МВР информира дека рано утринава во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана.

Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило марка „цитроен“.

А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

fokus.mk