ВМРО ДПМНЕ: Владата да не молчи и да даде одговор пред јавноста, дали со потписот на Артан Груби, бугарската мафија влегува на голема врата во Македонија?

Артан Груби, поддржан од Ковачевски, дозволува отворање на 3 онлајн коцкарници, кои ќе бидат во партнерство со државата, внимавајте со лиценца, која ќе има важност цели 15 години, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Огласот кој е распишан овој септември, е така скроен, да нема теорија на истиот, да учествува некоја домашна фирма, односно стриктно е наменет за странски фирми.

Дали Артан Груби и владата, овој оглас го скроиле за бугарската фирма 8888.бг?

Дали на оваа фирма сопственик е озогласениот во бугарското подземје Васил Бошков, т.н. Черепот, добро познат на законот во Бугарија, кој што живее во Дубаи?

Додека народот тоне во сиромаштија, а власта се фали со некакви загарантирани цени, од неколку денари помалку, ДУИ и СДС смислиле уште еден бонбона бизнис, за да се нафатираат за по уште неколку десетици милиони евра.

извор: ВМРО ДПМНЕ