ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски на 18 август свесно ги лажел пратениците дека нема да има нови барања од Бугарија, Османи го разоткри и исфрли на чистина

0
291

Бујар Османи ги потврди ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања во однос на Македонија.

Османи ја кажа вистината и со тоа го исфрли на чистина Ковачевски кој со месеци лажеше, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Ковачевски пред само месец дена кога ја гласаа иницијативата за уставни измени кажа – Нови барања нема, билатералните прашања не се пречка во понатамошното исполнување на условите за влез во ЕУ и ново вето нема да има. „Тоа е вистината“.

Османи со кажувањето на вистината е дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања, потврди дека Ковачевски на 18 август од Собранието на Република Македонија свесно лажел.

Ковачевски на 18 август свесно сакал да ги донесе сопствените пратениците во заблуда, со лаги и конструкции.

Нема потреба од нови објаснувања и толкувања, се е кристално јасно, самата влада е свесна дека турка бугарски диктат, и дека бугарските барања никогаш нема да исчезнат. Затоа се потребни промени.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ