Индиски бизнисмен во олдтајмер го истражува „Патот на зачините“

0
319

Индискиот бизнисмен и патник Даман Такоре го истражува „Патот на зачините“ со својот класичен автомобил од 1950 година, кој го нарекува „лал пари“ (црвен ангел), пишува Анадолуѕ.

Патот на зачините беше трговски поморски пат од Европа до Индија и понатаму до Молучките Острови, или „Островите на зачините“ како што се нарекуваа во тоа време, што се отвори по португалските поморски откритија во 15-тиот и почетокот на 16-тиот век.

Педесетгодишниот Такоре тргнал на своето патување на 12 август од Ахмадабад во индиската држава Гуџарат. Потоа со брод стигнал во Дубаи, па го преминал Иран и по копнен пат влегол во Туркије. Сега прави кратка пауза во Кападокија.

Такоре со 73 години стариот автомобил на неговото семејство патува околу 12.000 километри. Со татко му Девал Такоре и двајца пријатели ќе посети 16 земји.

Патувањето ќе заврши во Лондон, каде што е произведен овој автомобил.

Такоре, кој до Кападокија стигнал за 42 дена со возило кое може да достигне максимална брзина од 60 километри на час, ги посети долините покриени со самовилски оџаци.

Такоре има за цел да ја заврши својата авантура на „Патот на зачините“ (трговската рута од Индија до Европа) така што ќе стигне до Лондон во последната недела од октомври.

Даман Такоре рече дека е важна сентименталната вредност на возилото кое неговото семејство го поседува од 1976 година.

За него интерконтиненталното патување со ова возило е бесценето.

„Го имаме ова возило од моја тригодишна возраст и буквално пораснав во него. Кога бев мал, мајка ми раскажуваше приказни за „Лал Пари“ и неговите авантури. Буквално ги преживувам додека патувам од Индија до Лондон“, рече Такоре.

Извор:Анадолуѕ.

фото:Анадолуѕ.