„Движење ЗНАМ – За Наша Македонија“-нов политички субјект во Македонија

0
280

Потпишување на Иницијативата за формирање нов субјект на политичката сцена во земјава – „Движење ЗНАМ – За Наша Македонија“, ќе се одржи вечер во Скопје.

Идеен творец на граѓанското движење е градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, а се очекува потпис на иницијативата да стават претставници на сите 10 граѓански здруженија од земјава.

Димитриевски информираше дека сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел, како што вели, да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.

-Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ, повика Димитриевски.

 

 

nezavisen.mk