Вељаноски: Не постојат никакви причини да имаме одвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта

0
416

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски преку објава на Фејбсук порача дека претседателските и парламентарните избори треба да се одржат заедно.

Според него, Од прегледот на изборните процеси во изминативе 33 години може да се забележи дека дури во три наврати ( односно во 1994, 2009 и 2014 година ) се одржале два изборни процеси истовремено.

-Отаму , кога станува збор за следните парламентарни и претседателски избори, апсолутно јасно е дека не постојат никакви финансиски, економски и/или безбедносно-политички причини да имаме оддвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта, порачува Вељаноски.

Редовниот термин за избор на претседател се движи во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател, броејќи наназад од 12 мај. Или, прв круг во периодот од 14 март до 21 април наредната година.

фото: Архива