(ВИДЕО) Шокантно – Д-р.Јовев го турка во кош, па му удира шлаканица на д-р Шокаревски

На видео снимката што беше доставена до нашата редакција се гледа целиот инцидент што се случи на 18 септември на Кардиохирургија кога поранешниот директор Јовев вербално и физички напаѓа неколку вработени а потоа го нападнал и сегашниот директор, Марјан Шокаровски, при што го удира со глава по лупите.

Снимка како д-р Јовев физички и вербално ги напаѓа колегите на Кардиохирургија  2

Агресивно и нападно гестикулирање што укажува на висок тон д-р Јовев упатува прво кон медицинска сестра, како што беше првично објавено. На снимката се гледа како потоа д-р Јовев физички го напаѓа и колегата физиотерапевт, го турка и го удира, додека тој зборува на телефон.

Во текот на целиот инцидент, д-р Јовев е присутен во оперативниот и интензивен дел во цивилна облека и несоодветно за влегување во овој дел од клиниката, што е исто така строго кршење на болничките правила и сериозна закана за пациентите.

По инцидентот Јовев самиот се пријавил во полиција но притоа кажал дека бил нападнат, а снимката го потврдува токму спротивното, односно дека Јовев физички и вербално напаѓал колеги и директорот Шокаровски.

Сето ова се случува кога Јовев веќе не е директор на Кардиохирургија и за неговото однесување за време на неговото директорување кон вработените беше пишувано и неколку вработени излегоа со сведоштво за мобинг, малтретирање и закани.

извор: 4news.mk