Џафери: 5 мај, Велигден единствен можен термин за двојни избори, но само ако има договор мегу партиите

0
216

Петти мај, Велигден, е единствениот можен датум за двојни избори во редовен термин – парламентарни и претседателски во втор круг. Собранискиот спикер Талат Џафери изјави дека ова произлегува по пресметка од роковите пропишани во Изборниот законик, а доколку има политичка волја за да се организираат во ист ден, лидерите треба да се договорат до крајот на годинава. Ако нема поклопување на изборите во мај, Џафери вели дека крајниот рок за гласање за нова влада е 15ти јули, а изборот за претседател може да почне најрано на 14 март, објави канал 5.

„Последен можен термин за втор круг, а да сте во рамки на последните 60 дена се од 5 до 8 мај. Прв ден што може да се гласа за парламентарни избори е 5 мај, бидејќи е еден круг, последователно секој нареден ден до 15 јули. Доколку се решат да разговараат за овие работи, до крајот на оваа година треба да се на чисто. Ако не, настапуваат моите уставни обврски од кои јас нема да отстапам.“

Џафери не гледа ништо спорно да биде домаќин на лидерска средба, но вели дека би организирал само доколку претседателите на партиите имаат волја за да присуствуваат. Повик деновиве во неколку наврати имаше само од опозицискиот лидер Мицкоски, кој оцени дека е потребно да седнат на маса, бидејќи ако догодина не се договорат за двојни избори – ќе биде неизвесен цензусот за избор на претседател што повлекува повторување на процедурите… Премиерот Ковачевски пак не гледа потреба од лидерска и смета дека нема опасност од уставна криза.

Текстот во целост на: канал 5