Трагедија: Почина тренерот на Шкендија Арачиново, бил погоден од залутан куршум

0
162

Почина тренерот на третолигашот Шкендија Арачиново, Мерван Илјази кој неодамна беше погоден од залутан куршум за време на една семејна прослава.

Неговиот клуб со жалење информираше дека Илјази не успеа да се избори откако несреќно беше погоден од залутан куршум. Долго време се бореше за својот живот, но не успеа во таа битка.

Младиот стратег Илјази беше погоден за време на семејна прослава.

извор:plusinfo.mk