Македонците во Израел оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси, отколки авион за нашите сограѓани, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
240

Македонците во Израел оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси, отколки авион за нашите сограѓани.

Додека останатите земји од Европа и светот веќе ги извлекоа своите државјани од Израел, македонските граѓани молат за спас, а власта не реагира. Црна Гора, Србија, Албанија веќе пратија чартер летови, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Наместо конкретна акција, власта излегува со штури соопштенија нашите граѓани во Израел да ги следат насоките на тамошните власти, како некој да би постапил спротивно?

Ја повикуваме владата со брзината и посветеноста со која распишува огласи за коцкарски бизниси и оговара тендери во 4 очи да организира авионски превоз на нашите сограѓани кои војната ги затекна во Израел.

Наместо нашите сограѓани да се снаоѓаат сами и да се превезуваат со транспорт на други држави власта да овозможи организиран и безбеден транспорт.

извор: ВМРО ДПМНЕ