ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го исквернави 11 Октомври, наместо државната, владата ја пушти партиската химна

0
144

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека премиерот Димитар Ковачевски го исквернавил 11 Октомври, односно наместо државната, владата ја пуштила партиската химна, а дури 24 часа од настанот нема извинување.

Најмалку што требаше да направи Ковачевски е да се извини и да има одговорност за настанот. Со самиот факт што нема извинување станува јасно дека власта всушност намерно ја пуштила партиската химна на СДС на државен настан.

Претходно во текот на најавите за настанот на банерите пуштени од владата целосно беше изоставена Македонија. Оттука се поставува прашањето дали всушност намерно е пуштена партиската химна на СДС на државен настан?

Од што се срами Ковачевски? Што е целта на сквернавењето, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.