Возачите на ЈСП кои ќе заминат на работа во Германија, имаа обука, па ги пакуваат куферите – Првите 37 мина веќе се во Словенија и полагаат за „КОД95“

0
266

„Заминавме“, пишува кратко во својот пост на Фејсбук еден од возачите на ЈСП „Скопје“ кои вчера со организиран превоз тргнаа за Кршко, Словенија. Тие веќе денеска ќе треба да полагаат за „КОД95“, дозвола која им овозможува да возат во земјите од Европската Унија, поточно во Германија каде точно 168 возачи имаат договор за работа со тамошна компанија, објави plusinfo.mk.

Откако викендов ги завршија обуките со предавачот Далибор Млаѓеновиќ од компанијата „КОДА95“, 37 возачи штом ќе пристигнат веднаш ќе почнат да полагаат за возење автобус. Полагањето ќе трае околу час и половина. Во сабота тие би требало да го полагаат писмениот дел по што ќе се вратат во Македонија. Тие што ќе положат ќе можат да поднесат за работна виза во германската амбасада во Скопје.

Дел од возачите, кои сè уште сакаат да бидат анонимни, ни посочија дека имале големи проблеми со раководството на ЈСП „Скопје“, бидејќи како што велат не им било дозволено да земат слободни денови. Повеќето од нив ни кажаа дека покрај одморот, тие имаат од 30 до 50 слободни денови, кои ги стекнале бидејќи работеле прекувремени часови. А бидејќи претпријатието не им ги исплатило им дало слободни денови.

Како што велат возачите, од раководството им рекле дека ако три дена не дојдат на работа им следува отказ со што ќе ги загубат и слободните денови.

Објавата на Фејсбук на првата група возачи наиде на голема поддршка кај граѓаните. „Среќен пат и да те послужи среќа тебе и сите колеги од ЈСП што заминуваат да се спасат од оваа буржоазија“, „Среќен пат колеги да сте живи и здрави, сите убаво да поминете, да не чекате и нас за брзо време и нека ја види генералниот оваа слика“, „Среќен пат, се спасивте оттука, Господ да ви даде здравје, среќа, бериќет и ич да не мислите на ЈСП, они ќе ве молат, а вие спечалете побрзо и вратете се со Господ напред сите“…, се дел од коментарите на Фејсбук.

Текстот во целост на: plusinfo.mk