Настава без мобилни телефони во училиштата во Гази Баба

0
140

Од денеска во сите општински основни училишта на територија на општина Гази Баба се воспоставува настава без мобилни телефони.

Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес, сметаат надлежните.

За таа цел, сите основни училишта набавиле специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница.

Секој ученик на почеток на секој час го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот.

 

 

republika.mk