Закана за бомба ги вклучи сирените и во Версајскиот дворец

0
113

По Лувр, закана за бомба ги вклучи сирените и во Версајскиот дворец. Посетителите се евакуирани, а полицијата се`уште ја пребарува областа. На социјалните мрежи се појавија видеа од евакуацијата на кои се гледа како луѓе панично го напуштаат дворецот.

Претходно заканувачко писмо стигна и до Лувр. На официјалната веб-страница на музејот, стои објава, дека од безбедносни причини, ги затвораат вратите до крајот на работниот ден.

Заканите за бомби следуваат по синоќешното убиство на професор, кој до смрт беше избоден од страна на 20-годишен исламски ектремист.

Пред да го совлада полицијата, тој успеал да повреди уште тројца други во француската гимназија. Веднаш по инцидентот, Франција го подигна нивото на безбедност на највисоко ниво.

 

 

telma.mk